Меѓународна средба „Скопје 2019“ по повод денот на Македонската полиција

344

Следејќи ги принципите и целите на Меѓународната полициска асоцијација ИПА „Служба преку пријателство”, ИПА регион Скопје по трет пат ја организира меѓународната средба по повод денот на Македонската полиција.

Целта на оваа средба е продлабочување на меѓусебната професионална соработка, пријателство и дружење. На средбата ќе учествуваат ИПА регионите: Бургас, Брчко, Бјелина, Словенија, Ниш, Херцег Нови, Софија, Неготин и Белград. ИПА, најголемата полициска организација во светот, е формирана на 1 јануари 1950 година. Од тоа време, e и нејзиното Есперанто мото “Servo per Amikeco” (услуга преку пријателство) кое достигна повеќе луѓе отколку што може да се замисли.

Здружението беше формирано, бидејќи полицискиот наредник Артур Труп од Линколншир, Англија, сакаше да се создаде канал за пријателство и меѓународна соработка меѓу полициските службеници. Меѓународната полициска асоцијација е независно тело составено од членови на полициската служба, без разлика дали се во активна служба или пензија, и без разлика на ранг, пол, раса, боја, јазик или религија. Тоа е цел за да се создаде обврска кон пријателство и да се промовира меѓународната соработка.

Меѓународно полициско здружение – Оддел Македонија, скратено ИПА – Македонија, е со седиште во Скопје. Основачкото Собрание на Здружението ИПА – Македонија е одржано на 22 август 2011 година.