Медиумска лабораторија во Дебар

72

Педесетина ученици од гимназијата „Здравко Чочковски“ од Дебар учествуваа на тринаесеттата медиумска лабораторија што ја организираа Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“.
На двочасовната активна работилница учениците се запознаа со основите на новинарството и со техниките за пишување новинарска вест, а се дискутираше и за новинарските професионални стандарди во Македонија.

Оваа предавање го одржаа Александра Теменугова од Високата школа и Марјан Велевски, уредник во „Нова Македонија“, за да се издигне медиумската писменост во средното образование, кое се реализира во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“, кој е финансиран од ЕУ. Р.С.