Медали за најдобрите математичари

408

На Машинскиот факултет денеска беа доделени медали на сите учесници од овогодинешните Олимпијади по математика. Од областа на математиката ова е единствен настан во Република Македонија.

Одлични резултати по математика оваа година македонските ученици покажаа на: Јуниорска Македонска Математичка Олимпијада (ЈММО), Македонска Математичка Олимпијада (ММО), Медитеранска Математичка Олимпијада (МЕМО), Азиско- Пацифичка Математичка Олимпијада (AПMO), Европски Математички Куп (ЕМК) и Финансиска Математичка Олимпијада (ФМО).

Вкупно беа доделени 45 мадали, односно 45 престижни награди за младите математичари.

Според претседателот на Сојуз на Математичари на Македонија, Алекса Малчески, младите математичари се иднината на нашата држава и треба да продолжи грижата за нив.

Денеска беа доделени медали и за  учесниците на овогодишниот најпрестижен куп од логички карактер кој се одржа во нашата земја, финален круг на „Кенгур 2018“.