МВР почна да издава потврди со нов печат и новото име

236

Министерството за внатрешни работи почна со издавање потврди на граѓаните за документите што порано се издадени од министерството што не го содржат новото име на државата, до целосната промена на сите документи. Со овие потврди се валидизира важноста на документите што се презентираат во странство. Потврдите се со нов печат и новото име Република Северна Македонија, информираат од МВР.

Потврдите се издаваат во Одделот за граѓански работи за државјани на Република Северна Македонија и лица кои уживаат меѓународна заштита во земјата, а во Одделот за гранични работи и миграции за странци кои по кој било основ престојуваат во државата.

Оваа постапка следува по Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите на Советот на безбедност на Обединетите нации, што се однесува за престанок на важење на референцата ФИРОМ, како и уставните измени за новото име на државата Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од МВР.