Македонски државјанин уапсен во акцијата против бандата „Пинк пантер“

675

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Македонија под сомнение за вмешаност во грабеж на накит вреден неколку милиони франци, пишува подгорички „Дан“, повикувајќи се на швајцарските медиуми.

Според извори во истрагата, медиумите во Швајцарија наведуваат дека сторителите биле поврзани со озлогласената криминална група „Пинк пантер“.

Тие се осомничени дека учествувале во грабеж на златарницата „Губелин“ во Луцерн.

Швајцарските власти не го открија идентитетот на осомничените, само соопштија дека биле на возраст меѓу 19 и 53 години и дека меѓу нив има една жена.