Македонскиот јазик додаден на порталот „Ватикан њуз“

114

Точно еден месец пред официјалната посета на папата Франциск на Македонија, закажана за 7 мај, „Ватикан њуз“ го додаде македонскиот јазик на својата веб-страница како 34-ти јазик достапен на страниците на овој интернет-портал.

Католиците кои живеат во Македонија на овој сајт ќе можат да најдат вести за папата Франциск, за Ватикан и за католичката црква ширум светот, на македонски јазик, како етнички Македонци кои живеат во дијаспората.

Порталот наведува дека во Македонија живеат околу 20 илјади католици. На новиот сајт на македонски јазик ќе работат четворица Македонци, а страницата ќе се грижи за пораките на папата, благодарение на договорот меѓу Одделот за комуникации и локалната црква.

Скопскиот бискуп Киро Стојанов наведе дека присуството на „Ватикан њуз“ е „првиот плод од апостолската посета на папата Франциск на 7 мај“.

Македонскиот јазик веќе беше присутен на веб-сајтот на Ватиканското радио, пред да премине во порталот „Ватикан њуз“.