Македонија ѝ дала на Бугарија осум министри и дваесет дипломати

2356

Само пророците можат да знаат дали Бугарија ќе ја присоедини Македонија, или Македонија ќе ја присоедини Бугарија, вели Максим Горки

Божидар Татарчев забележува дека во Бугарија има 200.000 Македонци кои ќе се врателе во својата земја доколу имала подобра управа, и тие ќе ја направеле Македонија напредна и богата. Според анкетата на македонските братства објавена во 1918 година, македонската емиграција во Бугарија била политичка, односно Македонците не се населиле во Бугарија за да бараат подобар и живот и трајно да се населат, тие ја напуштиле Македонија за да ги зачуваат своите имоти и ќе се вратат во своите места по ослободувањето на Македонија од туѓата власт.

Македонците биле застапени во сите гранки на бугарскиот политички и културен живот: поезија, новинарство, книжевност, учителство, политика, финансии, трговија, медицина… Според Георги Трајчев, Македонија ѝ дала на Бугарија: осум министри, 20 дипломати, 70 депутати, 10 митрополити, 15 универзитетски професори, околу 100 учени писатели и публицисти, 35 уметници, скулптори, оперски пејачи, актери, 30 виши чиновници по народната просвета, 150 магистри и повидни судии и адвокати, околу 100 повисоки административни чиновници, 80 поистакнати лекари, 40 повидни инженери и архитекти, 800 офицери, меѓу кои осум генерали, 31 полковници, 56 потполковници. Во бугарските училишта имало 1.568 учители, 200 духовни лица и околу 5.000 чиновници.

Македонците се пројавиле и како водачи на разни бугарски политички партии. Комунистички (тесни социјалисти) лидер бил Димитар Благоев, на широките социјалисти – Петар Џидров, радикалите – Ил. Георгов, либералите – Никола Генадиев, демократите – Андреј Љапчев.

Големото влијание на Македонците во бугарската држава, било забележано од повеќе личности. А. Савински, поранешен руски полномоштен министер во своите мемоари истакнува: „Македонците се бујно, подвижно племе, многу поенергично и повитално отколку Бугарите, и секогаш имале надмоќ над нив“. Пјер Парини во миланскиот весник Ил – Пополо д` Италија истакнал: „Македонците без сомнеж се најинтелигентните и најкултурни жители на Балканскиот полустров. Можеби исто така се и најсилните и јуначни. Тие го образуваат, како што се знае, раководниот дел во Бугарија“.

Членови на Ќустендилското македонско друштво