Македонија – привидението исчезна

11846

Во авторски текст истакнатиот професор по уставно право од Шпанија, Карлос Флорес Хубериас, се осврнува на спогодбата со Грција како и на штотуку одржаниот референдум во Македонија, притоа оценувајќи го поставеното прашање пред граѓаните како едно од најизмамничките прашања во историјата на сите референдуми.
Претставен до самата граница на Македонија како решение на еден од најстарите и закоравени проблеми на регионот и рекламиран кон народот на РМ како клуч за посакуваниот и заслужен влез во Европската Унија и во НАТО, Преспанскиот договор е, како прво, олицетворение на едно предавство на основните начела на меѓународното право и како второ, сосема празно ветување без никакви гаранции, смета професорот Карлос Флорес Хубериас. Неговиот текст го пренесуваме интегрално

Карлос Флорес Хубериас

Расположено во срцето на Балканот – и како многу други нешта во регионот – со припадност на три држави, Македонија, Грција и Албанија, Преспанско Езеро се смета за древно езеро чија старост се оценува на милиони години. Cпротивно со овој факт, Преспанскиот договор што го потпишаа премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев на 17 јуни годинава за да се реши спорот за името на Македонија, се чини дека ќе биде од многу краток рок.
Како што обично се случува во овие ситуации, договорот вроди ентузијазам само кај оние што го доживеаја оддалеку, додека истовремено ги разочара оние што се осмелија да ги анализираат подетално неговите клаузули – и посебно она што беше кажано меѓу редови. Претставен до самата граница на Македонија како решение на еден од најстарите и закоравени проблеми на регионот и рекламиран кон народот на РМ како клуч за посакуваниот и заслужен влез во Европската Унија и во НАТО, Преспанскиот договор е, како прво, олицетворение на едно предавство на основните начела на меѓународното право и како второ, сосема празно ветување без никакви гаранции.
Во првиот случај, бидејќи значи давање право на една земја – Грција – да се меша во внатрешните прашања на друга земја – Македонија – оставајќи ги на тој начин на милост на еден билатерален договор прашањата околу името, идентитетот на народот па дури и јазикот, определби што ниедна слободна земја не би требало да дозволува да бидат одлучувани од некој однадвор, туку само од своите граѓани. Згора на тоа, Грција поседува јасна предност како член на двата гореспоменати сојузи (алијанси) при кои Македонија цели да пристапи.

И второ, отстапките што сега и овде се очекуваа од Македонија ќе беа само во замена за едно нејасно ветување за почнување преговори за членство што би можеле да водат некаде или да не водат никаде, и чиј успешен заклучок на крајот на краевите не ни беше во рацете на Грција.

Имајќи го сето ова предвид, не е за чудење што граѓаните на Македонија оваа недела одлучија да му го свртат грбот на својот премиер, следејќи ги советите на претседателот на државата и да останат дома наместо со својот глас да поддржат еден договор, договор, кој, пак, како врв на дрзнувањето, беше ставен на референдум преку едно од најизмамничките прашања во историјата на сите референдуми. Сместена во срцето на Балканот, ги спојувала Рим и Византија, Македонија е една млада нација што сѐ уште не знае дали ќе доживее старост како Преспанско Езеро. Но, барем засега повторно ја докажа својата намера дека не е само едно привидение.

(Авторот е професор по уставно право од Шпанија. Неговиот текст е оригинално напишан за „Ел Паиз“ на англиски, но истовремено достапен и за македонската јавност преку нашиот весник.)