Магистралниот пат Куманово – Крива Паланка затворен за сообраќај поради сообраќајка

159

Магистралниот пат Куманово – Крива Паланка денеска од 13:45 часот е затворен за сообраќај во двата правци.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија(АМСМ), патот е затворен поради сообраќајна несреќа што се случила на месноста викана Просечени, атар на селото Псача, Крива Паланка.