Локвенец: Стратешките цели се реализираат – станавме членка на НАТО и преговараме за ЕУ

143
Стратешките цели се реализираат. Станавме членка на НАТО и почнавме преговори за членство во ЕУ, изјави на прес-конференција, пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец.

Тој рече дека во време на глобално ниво се соочуваме со коронавирусот, успешните политики на СДСМ добиле конкретна потврда и овозможиле остварување на стратешките цели на државата.

– Република Северна Македонија е 30 земја членка на НАТО. Република Северна Македонија започнува преговори за членство во ЕУ. Ова е големо признание за сите заложби кои ги направивме како држава за релативно краток период, за само 2.5 години. Добивме признание за истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции – Владата, Собранието, Судството да ги спроведат реформите поставени како наша цел уште во 2017 година. Иднината на нашата држава е обезбедена. Гарантирана е нашата стабилност, безбедност, отворени се можностите за демократски развој, напредок, економски просперитет, нови работни места, инвестиции – рече Локвенец.

Тој додаде дека Македонија продолжува храбро да чекори напред, кон напредок и просперитет за сите нејзини граѓани, а пред нас е да се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот, за потоа уште позасилено да продолжи европската агенда.