Крушевчани ја пречекаа коњаницата

662

Со топла погача и чаша црвено вино, крушевчани синоќа ја пречекаа коњаницата која го измина долгиот пат да стигне во Крушево пред големиот празник Илинден.

Силниот дожд не ги спречи ниту коњаниците, ниту крушевчани да си посакаат добредојде во центарот на градот кај Столбот на Крушевската Република и со тоа продолжи 40-годишната традиција на Илинденскиот марш.

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски им посака добредојде на учесниците во коњаницата кои пристигнаа од неколку правци од државата. Предводникот на коњаниците Гоце Бозо повика на сплотеност за празникот.

Коњаниците вечер ќе бидат дел од свеченото отворање на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ на платото на Гумење кога ќе биде развиорен бајракот на Крушевската Република, се до 10 август додека ќе трае манифестацијата.