Кој го посеа семето на непријателството

283

Македонците и Албанците низ историјата обично биле на една страна, борејќи се братски против заедничките непријатели

Во 1902 година Извршниот комитет на „Националната македонско-албанска лига“ од Лондон издал проглас или апел, кој од активистите на Лигата – Стеван Дамчев и Јашар-бег – бил дистрибуиран во места населени со Албанци и со Македонци. Лигата подготвила проект за автономија на Македонија и Албанија, составен од 12 члена. Во програмата на Лигата било запишано дека „нашата цел е добивање автономија на Албанија и на Македонија и формирање царинска унија на сите соседни мали земји, Црна Гора, Србија, Бугарија и Грција… Македонија и Албанија нема да бидат постојано жариште на непријателства туку извор на богатство, на богата
економија…“

Пишува: Блаже Миневски

Во политичката платформа на албанските партии во Македонија, потпишана во Тирана на Божиќ, пред три години, под картата на голема Албанија на Џакомо Кантели од 1689 година, а во присуство на покровителот, албанскиот премиер Еди Рама, македонскиот народ беше прогласен за геноциден народ, а Македонија за држава со која, по желба на албанското малцинство, во одреден период, би можела да управуваа некаква „анкетна комисија или меѓународен независен орган?!“ Со низа настани потоа, де факто и де јуре се направија ин виво зафати за редефинирање на карактерот на унитарноста на државата.
Платформата однатре допрва ќе испорачува нови уцени што се предвидени како „сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб, со цел државните симболи да ги рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност“. Бидејќи, според авторите на платформата, Македонците се геноциден народ (според испорачаното барање за усвојување на резолуција во македонскиот парламент со која „ќе се осуди геноцид врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956 година“). Понатаму, проектирањето на развојот на настаните според тоа сценарио предвидува прифаќање на принципот за „создавање нов механизам, во форма на една државна комисија за финансирање на општините“, како и нови таканаречени надминистерства задолжени само за Албанците без присуство на Македонците!? Притоа, ваквите министерства ќе биле надлежни за сѐ што се однесува на албанското малцинство, а со тоа и за „финансирање на албанските културни институции на централно и локално ниво“. Барањето дводомен парламент и конституирање на Македонија како конфедерација е наредниот чекор во тоа сценарио.

Големите сили само во согласност со своите агенди ги штитат малите народи

Според историчарката проф. д-р Катерина Тодороска од Институтот за национална историја, чија специјалност се македонско-албанските односи, со докторат на македонско-албанските врски од 1903 до 1913 година, во минатото македонското и албанското население, со исклучок на Втората светска војна и оружениот конфликт од 2001 година, секогаш се сплотувало и заеднички се борело за ослободување од „третиот“. Но штом била прогласена независноста на албанската државата во 1912 година, односот почнал видно да се менува. Притоа најголема опасност по меѓусебните односи било странското протежирање на албанската страна. Во историјата од времето пред тоа постојат многу примери за македонско-албанска соработка, а меѓу нив, секако, се и македонско-албанското пријателство и врски што ги одржувал Исаија Мажовски од Лазарополе, кој имал воспоставено трајни пријателски контакти со албанските патриоти. Тој е еден од најекспонираните дејци на Македонско-албанската револуционерна лига од 1887 година, која издала и проглас за повик на соработка со албанското население во борбата за ослободување од османлиската власт. Притоа, Мажовски го инфoрмирa Хитрoвo вo Букурeшт зa зaeдничкaтa макeдoнскo-aлбaнскa aкциja „зa слoбoдaтa и нeзaвиснoстa нa двeтe зeмjи – Maкeдoниja и Aлбaниja“. Во 1901 година, свесен за опструкциите на „братските“ словенски држави Србија и Бугарија, Мажовски му прeдлaгa на Бoрис Сaрaфoв „дa сe oпрeдeлaт макeдoнски дeлeгaти штo ќe зaминaт вo ситe гoлeми држaви зa дa рaбoтат врз прoглaсувaњето нa сaмoстojнoстa нa пoрoбeнaтa и измaчeнa Maкeдoниja“. Тој посебно бара да се испратат делегати вo Русиja, „зaштo Србитe дeнoнoќнo рaбoтат и нaстojувaaт вo Пeтeрбург дa ни се прикaжaт како стaрoсрби“. Меѓутоа, Сaрaфoв му oдгoвoрил дeкa „тиe имaaт oдeнo вo Русиja, нo тaa нe сaкa ни дa чуe зa Maкeдoниja“. Во 1903 година Мажовски гo пoмaгa вoстaниeтo вo Maкeдoниja, a пo „Уриeтот“ во 1908 година пaтувa oднoвo вo Aлбaниja зa дa oргaнизирa зaeдничкa aнтиуриeтскa aкциja.

Историските факти сведочат за обидите за заедничка македонско-албанска борба против надворешни окупатори

Но да се вратиме на крајот на 19 век и на македонско-албанските односи. Во 1888 година бил создаден Албанско-македонски одбор, со цел заеднички да се борат за остварување на своите ослободителни стремежи. Пет години подоцна во Лондон бил направен обид за формирање заедничка лига, како нов момент во развојот на македонско-албанските врски.

Оваа лига, за разлика од претходната, била именувана како „Национално – централно ­ал­банско­-македонс­ка лига“. Кон крајот на 1898 година во Атина било формирано друштвото „Албано-македонски силогос“, а друштвото за македонско-албанска соработка од Софија на 23 февруари 1899 година подготвило и заеднички предлог-проект, со 23 точки за автономија на Македонија и на Албанија. Во 1902 година „Националната македонско-албанска лига“ од Лондон ја интензивирала својата работа, а нејзиниот извршен комитет издал проглас или апел, кој од активистите на Лигата – Стеван Дамчев и Јашар-бег – бил дистрибуиран во места населени со Албанци и со Македонци. Лигата подготвила проект за автономија на Македонија и Албанија, составен од 12 члена. На 10 мај 1902 година излегол првиот број на органот на лигата „Л’Аутономие“. Весникот излегувал двапати месечно, со слоган „Македонија на Македонците, Албанија на Албанците“. Според програмата на лигата, „наша цел е добивање автономија на Албанија и на Македонија и формирање царинска унија на сите соседни мали земји Црна Гора, Србија, Бугарија и Грција… Македонија и Албанија нема да бидат постојано жариште на непријателства туку извор на богатство, на богата економија…“ Македонско-албанската соработка продолжува и во 1904 година, кога во Виена било формирано хуманитарно албанско-македонско друштво.

Потписници на основачкиот акт на друштвото се Цветко Х. Фортуниќ, Хил Моси и Петер Каранфилов. При основањето било објаснето дека „нашето друштво ниту претставува некаква австриска политика, ниту, пак, е некое политичко дело, туку е едно хуманитарно друштво, кое со политиката е поврзано само толку што е против секаква политика“. Во Виена, во јуни 1908 година, бил формиран таканаречен албанско-македонски комитет. Комитетот бил раководен од влијателни личности, како што биле грофот Александар Икономов и Ѓерѓ Пекмези. Пред почетокот на Втората балканска војна, во јуни 1913 година, Јане Сандански и Стоју Хаџиев заминале во мисија во Албанија, за да преговараат со албанските раководители за заедничко дејствување во случај на нова војна, овој пат меѓу сојузниците.

Македонско-албанска лига: „Во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците!“

Во сведоштвото на Сретен Драшкиќ, кој во 1939 година работел во италијанскиот отсек при Министерството за надворешни работи на Кралството Југославија, па имал можност да ги чита сите шифрирани извештаи што доаѓале од југословенската амбасада во Рим, но и да има увид и во архивата на отсекот, стои дека со одлуките на Конференцијата на амбасадорите на Велика Британија, Франција, Италија и Јапонија, одржана во Париз на 9 ноември 1921 година, според големите сили, всушност „дефинитивно е решено албанското прашање и во однос на правниот статус и во однос на нејзините граници“. Во истата архива можеле да се најдат и анализи за дејствувањето на одредени револуционерни движење во тој дел на Балканот, а меѓу другото и за заедничката борба на македонскиот и албанскиот народ за слобода: „Поради водење заедничка борба против Турците, но и против ’освојувачките претензии на другите балкански народи’, македонските и албанските емигранти во 1887 година основаа во Софија револуционерна македонско-албанска лига. Лигата преку Исаија Мажовски од Лазарополе објави проглас на македонски и на албански јазик, а потоа и апел со кој бара автономија за Македонија и Албанија“, пишува Драшкиќ во својата книга „Европа и албанското прашање од 1830 до 1921 година“.

Македонско-албанската револуционерна лига дејствувала во Албанија и во Македонија, а во прогласот објавен на албански меѓу другото нагласува: „По многу обиди што ги преземаме за да ѝ помогнеме на нашата татковина Албанија, ние разбравме дека има само едно средство за да се постигне победата. Тоа средство е обединување со нашите блиски Македонци и заедничките акции со нив за ослободување на нашата древна страдалничка татковина. Во Албанија нека наредуваат Албанците, во Македонија Македонците!“ Неколку години подоцна, „Национално-централната Албанско-македонска лига“ од Лондон, на 10 ноември 1898 година, објавила проглас познат како „Проглас на национално-централната Албанско-македонска лига“, во кој стои дека „целта на прогласот е да се осветли пред европскиот свет суштината на албанско-македонското прашање, кое го привлече вниманието на Европа и кое изгледа во најскоро време ќе даде сериозни причини за возбуденост“.

– Нашата лига верува дека исполнува една висока должност, поставувајќи го албанско-македонското прашање во неговите историски рамки, истакнувајќи го единственото можно разрешување за народите, преку делото што го претставуваме… Бидејќи сега имаме причини да веруваме дека настапи критичното време во историјата на нашето движење, ние се чувствуваме повикани да ја соопштиме нашата програма… Нашата цел е следнава: добивање независност (и автономија) на Албанија и Македонија; создавање една самостојна конфедеративна држава во која ќе влезат сите народи што се во овие области, без разлика на име, вера и јазик; силно спротивставување на сите посегања што се опасни за делото на албанско-македонската независност; спречување на секое мешање на која и да е голема или мала сила што под превезот на симпатија би се стремела да ги спроведе своите егоистички цели. Лигата ги осудува како штетни за интересите на Албанија и на Македонија сите сугестии или предлози за раздробување на земјата… И двете овие земји ја прифатија и ја одобрија нашата програма и се готови да дејствуваат во согласност со тие принципи“.

Зошто поделби кога историјата сведочи дека во слогата е просперитетот

Во актуелниот миг не само што не постои никаква иницијатива за заедничко дејствување туку на дело е спроведување на платформа потпишана во Тирана, со која Македонија веќе не е на Македонците туку на Албанците и на „граѓаните на Република Северна Македонија“. Според правни експерти и аналитичари, албанската платформа е програма против Македонија и македонскиот народ. По балистичката епизода од Втората светска војна, а и по подмолната оружена агресија извршена во 2001 година, платформата е трет обид во последниве седумдесет години Албанците и Македонците да бидат на две жестоко спротивставени страни. Во историјата обично биле на една, борејќи се братски против заедничките непријатели или, како што се вели во лондонскиот документ на „Национално-централната Албанско-македонска лига“ од 1898 година „за да 7 помогнеме на нашата татковина Албанија, ние разбравме дека има само едно средство – обединување со нашите блиски Македонци…!“