Историската комисија има направено големо поместување напред

445

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, со потпретседателот на Владата и министер за одбрана, Красимир Каракачанов и со генералниот секретар во кабинетот на престедателот Румен Радев, Димитар Стојанов, а притоа имаше интервјуа и настапи за повеќе медиуми.

Како што информираат од ВМРО-Народна, Георгиевски во рамки на состаноците, се обидел да го објасни неговото мислење и позиција дека сепак во македонско-бугарските односи има напредок.

– Тој стави посебен акцент на работата на заедничката историска комисија која и покрај тоа што можеби не работи со идеално темпо, сепак, има направено големо поместување напред што треба да биде позитивно оценето од страна на нашите соседи – информираат од политичката партија.

Од страна на соговорниците било потенцирано дека тие не бараат нова промена на Уставот на Македонија, дека не бараат нов посебен договор но инсистираат на спроведување со јасно темпо на досега договореното помеѓу двете држави, со посебен акцент на историската комисија.

Притоа на крајот било заклучено дека во наредниот период ќе се интензивира работата за да не дојде до ставање вето на патот на Македонија кон Европската унија.