Информатика и географија во листата на изборни предмети за државната матура

137
Фото: Архива

Трите екстерни испити од државната матура од тековната учебна година ќе се полагаат од 29 мај до 14 јуни во јунската сесија. Испитните програми по сите наставни предмети ќе бидат со скратени содржини, додека листата на изборни предмети за третиот екстерен испит годинава е проширена со уште два предмета – информатика и географија, а новитет ќе има и за проектната задача, која ќе содржи истражувачки дел.

Матурантите до крајот на годинава треба да се пријават каков вид матура ќе полагаат – државна матура (за матуранти кои планираат да се запишат на факултет); училишна матура (за матуранти кои нема да продолжат во високото образование и ќе полагаат пред училишна комисија) и завршен испит (за матуранти од стручно образование кои нема да полагаат државна матура). Оние што ќе пријават државна матура треба да ги наведат и предметите што ќе ги полагаат.