Изработени се 35 илјади лични карти, МВР апелира граѓаните да ги подигнат

46

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните чии нови лични карти се веќе испечатени да дојдат и да ги подигнат.

Документите се подигнуваат од подрачните единици на Министерството, односно, онаму каде што граѓаните аплицирале за издавање.

Според информациите на МВР, во овој момент над 35 илјади лични карти кои што во изминатиот период биле изработени чекаат на подигање од страна на граѓаните.