Измените на Законот на игрите на среќа денеска на Јавна расправа

614

Измените на Законот на игрите на среќа и забавни игри кои минатата година во јуни ги предложи група пратеници, денеска влегоа во Јавна расправа.

На дневен ред се измените со кои се предвидува просториите во кои се приредуваат игрите на среќа задолжително да бидат оддалечени најмалку 500 метри воздушна линија од објекти на училишта, факултети, универзитети, институти, библиотеки и установи во кои се врши дејност на згрижување на деца, на што се надоврзува дополнување на законот со кое потврда за оддалеченоста на просторијата до најблискиот објект ќе издава единицата за локална самоуправа.