Изменет сообраќаен режим пред тунелите Демир Капија-Смоквица

211

Поради работни активности на влезот од тунелите  Демир Капија (тунел 1)  и Јаворица (тунел 2)  на автопатот „Пријателство” на  делницата  Демир Капија – Смоквица, утрово од 9.30 часот сообраќајот  пред тунелите ќе се одвива под посебни услови, соопшти ЈП „Македонија пат“.

Поради овие причини сообраќајот ќе се одвива по левата  коловозна лента со намалена брзина од 40 километри на час.