Иванов: УБК е главното жариште на генерирање на сите политички кризи

467

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија никогаш не се разговарало, ниту се размислувало за прогласување вонредна или воена состојба, рече претседателот  Ѓорге Иванов обраќајки се на граѓаните, со цел, како што рече, да ги разобличи сите лаги, конструкции и црни сценарија со кои бевме бомбардирани во изминатиот период.

– Од почетокот на мојата функција, одговорно ја претставувам државата и убеден сум дека само со чесен и транспарентен пристап ќе можеме да се спротивставиме на лагите за наводна вмешаност на мојот Кабинет, на АРМ и Агенцијата за разузнавање околу настаните на 27 април. Во Кабинетот на Претседателот на РМ никогаш не се разговарало ниту се размислувало за прогласување на воена или вонредна состојба. Со тоа ги отфрлам и сите шпекулации дека меѓународната заедница вршела каков било притисок врз мене да отстапам од некаков наводен план за прогласување воена или вонредна состојба, рече Иванов.

Ги повика странските претставници да излезат и да ги посочат тие кои му вршеле притисок.

-Уште пред 2 годиини предупредував УБК е главното жариште на генерирање на сите политички и безбедносни кризи во Македонија. УБК без основа ги следи активностите на мојот кабинет, прислушува, и во службени белешки даваат информации за измислени настани за да на крајот се коснтруира судско полициски случај. Сведоци сме на неказнивост на истекување на доверливи дикумненти од УБК. Ова ја загрозува националната безбедност. Се работи за класична хајка и линч против мене и кабинетот на претседателот на државата. Оваа институцијане е дежурна служба за давање на алиби. Сценариото за воена и вонредна состојба немало, освен ако во РМ не функционирал паралелен врховен командант на вооружените сили и паралален Генерал штаб на АРМ, истакна Иванов.

Вистинското прашање, според него, е кому во тие моменти му одело во прилог да го злоупотреби Кабинетот на претседателот на РМ и да креира лажна перцепција за прогласување воена или вонредна состојба.