Значително намалување на температурата

135

Во текот на утрешниот ден ќе има позначителна промена на времето, кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер. Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, како и пообилни врнежи од дожд, над 20 литри на метар квадратен. 

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а  дневната од 16 до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4. 

Во Скопје слично време, со температура од 20 до 24 степени. 

Во вторник ќе продолжи да дува засилен северен ветер, а во источните делови се уште ќе има услови за локален дожд. Дневната температура во наредните два дена значително ќе се намали.