Земјотрес со епицентар во Албанија, на 147 километри западно од Скопје, бил регистриран синоќа во 22.13 часот од страна на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот со локална Рихтерова магнитуда од 4,8 степени бил почувствуван од во северозападните делови од Македонија со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.