Земјотрес почувствуван во Ресен

71

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала вчера бил почувствуван во Ресен и околината.

Потресот бил почувствуван во 18 часот и 45 минути, со епицентар два километри јужно од Ресен.

– Рихтеровата магнитуда изнесуваше 2.3 степени, а беше почувствуван од населението во Ресен и околината со интензитет од ИИИ степени, според Европската макросеизмичка скала – соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.