За дијабетичарите ќе се обезбеди инсулин до декември 2022 година

82

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот декември 2020 – декември 2022 за потребите на населението на Република Северна Македонија.

Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање. Целта на Законот за Агенција за разузнавање е да се направи јасна дистинкција меѓу АНБ чија надлежност се поклопува со надлежноста на Агенција за разузнавање, согласно постојниот закон. Во новиот закон за Агенцијата за разузнавање, јасно е дефинирана надлежноста на Агенцијата да собира, обработува, анализира, разменува, чува и штити податоци и информации од странство, кои се од значење за безбедноста, одбраната, надворешно – политичките интереси на Република Северна Македонија.

На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за подготовка на Мастер план на Република Северна Македонија во рамките на регионалниот ИПА проект „Регионална поддршка за управувањето со сензитивната миграција во делот на Западен Балкан и Турција – фаза 2“, и ги овласти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, веднаш да го потпишат писмото до Европската Комисија со кое што ќе се изрази интерес за започнување на фаза 2, насочена конкретно кон Република Северна Македонија и со изразена посветеност да се продолжи кон фаза 3, т.е операционализација на ИТ системот.