Заеднички ќе работиме на реформи за инклузивно и современо образование

37

Царовска на работен состанок со граѓанските организации

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес одржа работен состанок со претставници на над 30 граѓански организации и со нив дискутираше за заедничките цели и приоритети и можноста за соработка во реформите на образованието.

– Граѓанските организации се и ќе продолжат да бидат наш важен партнер во сите значајни процеси во општеството, меѓу кои е и образованието. Убедена сум дека поголемиот дел од вас работат, или се вклучени во различни процеси и креирање политики за подобрување и унапредување на образованието и очекувам дека ќе најдеме простор за заедничка соработка – рече Царовска.

Претставниците на граѓанските организации најавија дека имаат интерес за соработка со МОН во делот на развој на инклузивно образование, реформите во образованието, вклучувањето на младите во реформите позврзани со квалитна настава и подобрување на младинскиот стандард, како и во обезбедувањето на квалитетни учебници.