Заев: Предвидени се пари во предлог-буџетот за екологија

49

Пари за заштитата на природната средина има, а тоа колку средства се предвидени за оваа намена, ќе се знае штом Предлог-буџетот биде усвоен на владина седница.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на денешните реакции на невладината О2 иницијатива, која обвини дека во презентацијата на проекциите за буџетот за 2019 година на ниту едно место не се споменува заштитата на животната средина.

– Утре имаме владина седница само за Предлог-буџетот, а и претходната точка на владината седница е екологија што значи дека за првпат ако Владата даде поддршка на Предлог-буџетот, ќе отвориме посебна програма за животна средина каде сакаме да ги канализираме сите фокуси на животната средина, посебно актуелниот момент со загаденоста на воздухот. Штом Владата го усвои Предлог-буџетот, ќе го соопштиме конечниот дел на средствата што ќе бидат за животна средина. Верувам дека тие средства ќе раснат – изјави Заев.