Заев: Поддржувам легализација на марихуана, така ќе се унапреди и туризмот

1285

Премиерот Зоран Заев изрази поддршка за декриминализација на марихуаната, која е почната во Собранието.

– Верувам дека во иднина ќе се створи амбиент, лично поддржувам и легализација заради тоа што преку таа мерка ќе можеме да ги унапредиме услужните дејности коишто многу малку учествуваат во нашиот БДП – рече Заев.

Според него, има позитивен одек во јавноста за декриминализацијата на канабисот.

– Ќе се зголеми угостителството и туризмот во државата. Сите постојни и нови објекти согласно лиценци кои ќе ги добијат ќе можат да услужуваат марихуана и канабис кој може да помогне за развојот на услужната дејност во државата – вели Заев.

Тој вели дека очекува најтранспарента постапка, односно ќе ги искористи сите можни потенцијали за рестарт за македонската економија.