Заев: Нема одложување на пописот

166
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање изјави дека не прифаќа одложување на пописот за во 2021 година и очекува теренското попишување да биде извршено од 1 април до 30 април следната година.

– Дефинитивно ќе има попис идната година. Ако се одржеше попис во 2011 година можеби и ќе имаше основа пописот да се одложи за 2021 година, но не се одржа. Нема одложување на пописот – рече Заев.

Претходно денеска беше одложена расправата за пописот на Комисијата за европски прашања поради, како што било наведено, потребата од дополнителни преговори помеѓу пратениците за почеток на дебатата.

Како последица на ова беше одложена и расправата по истиот закон и на Законодавно-правната комисија.