Заев за пожарот во „Глобал“: Од утре организираме акција за расчистување и за собирање помош

436

Премиерот Зоран Заев го посети опожарениот трговски центар „Глобал“, каде доцна синоќа изби голем пожар, при што изгореа десетина дуќани и тезги од пазарот. Тој рече дека е направена непоправлива штета, но дека е најдобро тоа што нема човечки жртви.

– Тоа е најважно, сѐ друго се надоместува. Сакам да им заблагодарам на пожарникарите кои направија се за да го спречат огнот. Им благодарам на сите екипи од околните градови кои помогнаа. 

На луѓето кои загубија се што граделе сакам да им порачам дека сите ќе помогнат, Владата, општината, бизнис заедницата. Сакам да знаат граѓаните кои загубија се дека од утре организираме акција за расчистување и акција за собирање помош. Ќе направиме се да го вратиме животот во нормала. Сите имоти ќе ги вратиме во нормална состојба – рече Заев.

Тој повика на солидарност и вклучување на струмичани и на локалните компании.

– Државата ќе ги види сите механизми за да обезбеди финансиска помош. За мене е предизвик во овој период да покажеме колку сме солидарни. Сите интитуции ќе помогнат, но пред се струмичани и овдешните компании да помогнат да им го вратиме на луѓето она што го ставарале цел живот – порача Заев.