Заев: Дебата со Мицковски кога јавно ќе каже дека е против бојкот на референдумот

118

Премиерот Зоран Заев вели дека ќе прифати ТВ дуел со претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски кога тој јасно и јавно ќе каже дека е против бојкотирањето.

– Себе си се сметам за промотор на дебатата. Иднината на Македонија заслужува да се разговара на тоа прашње и во тој аспект бојкотирањето за иднината на Македонија не претставува основ да се седне и да се разговара. Подготвен сум да прифатам дебата со господинот Мицкоски кога буквално јасно и јавно ќе каже дека е против бојкотирањето. Штом тоа ќе го каже нека бира медиум веднаш ќе ја прифатиме дебатата. Но, ваквите ставови апсолутно ја ставаат во заблуда иднината на нашата Македонија – рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по средбата со косовскиот претседател Хашим Тачи.

Мицкоски синоќа соопштувајќи го ставот на партијата секој граѓанин да постапи по сопствено убедување, го повика премиерот на дуел.