Заев во Вашингтон на средба со потпретседалот на САД, Мајк Пенс

70

Премиерот Зоран Заев утре во Вашингтон ќе оствари средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, соопшти денеска владината прес-служба.

– Средбата ќе се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а на неа ќе се разговара за напредокот на Република Македонија кон членството во НАТО – велат од Владата.

Посетата на Заев на Вашигтон и средбата со Пенс следува по посетите на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и на помошникот државен секретар Вес Мичел на Македонија и искажаната поддршка за претстојниот референдум и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.