Заев: Ветив пилот-проекти, а не пилоти во Арачиново

696
Фото: Маја Јанева-Илиева

Сите знаат дека не може да биде точно, односно не можат да бидат вработени 300 пилоти од селото Арачиново, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

– Дефинитивно не сме ветиле 300 пилоти. Сме ветиле работи за кои што постојат пилот-проекти. Државата нема потреба од 300 пилоти – рече Заев.

Тој додаде дека 300 пилоти нема ниту во Муртино.