Заврши распитот на Јанакиески и Ристоски, се чека одлука од судот

123

Во Кривичниот суд во Скопје штотуку заврши распитот на Миле Јанакиески и Спиро Ристоски кои заедно со Трајко Вељаноски доцна попладнево беа приведени под сомнение дека се дел од организаторите на настаните од 27 април во Собранието.

Се очекува судот да се произнесе за барањето на Обвинителството да им се одреди мерка притвор.

Вељаноски претходно замина од судот бидејќи се повикал на пратеничкиот имунитет.

Обвинителката Вилма Рускоска изјави дека барањето за притвор е поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и попречување на истрагата. Таа пред медиумите истакна дека Вељановски си заминал од судот бидејќи се повикал на пратеничкиот имунитет.

Повеќе детали Рускоска рече дека ќе бидат соопштение на прес-конференција што ќе се одржи во Обвинителството.