Забранет сообраќајот за камиони на патот Маврово-Дебар и преку Буково поради снежни врнежи

100

Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар во 16:25 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Поради интензивни врнежи од снег попладнево од 16:15 е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила и на планинскиот превој Буково.