Жителите на Кочани излегоа на протест против загадувањето

89

Жителите на Кочани и на околните населени места денеска излегоа на мирен протест поради загаденоста на воздухот и деградирањето на животната средина.

На протестот во организација на неформално граѓанско движење, беа изнесени податоци за високото ниво на загаденост на амбиенталниот воздух. Индустриските капацитети, градската депонија и палењето на сламата и стрништата на земјоделските површини, беа наведени како причинители на загадувањето.

Граѓаните побараа од надлежните институции преземање конкретни мерки за подобрување на состојбата и санкции за прекршителите.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, кој присуствуваше на протестот, нагласи дека локалната власт дава поддршка на барањата од граѓаните, притоа информирајќи за мерките што Општината ги презема во рамки на своите надлежности.

Жителите на селото Бели во чија непосредна близина е лоцирана градската депонија, го блокираа регионалниот патен правец кон планинскиот туристички центар на Пониква, барајќи да се спречи нејзиното горење и да се забрза постапката за затворање.