На Плоштадот ,,Македонија” каде на видео-бим се следеше натпреварот од ракометното финале на Лига на шампиони во Келн, Германија, владее вистинска еуфорија.

Ракометарите на Вардар по втор пат за три години станаа шампиони на Европа совладувајќи го унгарскиот Веспрем со 27 наспрема 24 во Лига на шампиони.

За утре се најавува организиран пречек на ракометарите кои станаа европски шампиони.