Единствена Македонија: И ,,случајот дрога” со Богоевски го отвора прашањето за легалноста на промена на името

315

Единствена Македонија на повеќе наврати ја запозна јавноста за ништовноста на Договорот за промена на името како спротивен на домашното и меѓународното право како и за постапката во меѓународни рамки како да се поништи договорот. Меѓутоа, сега и „случајот дрога“ со пратеникот Павле Богоевски го отвора прашањето за легалноста на уставните измени во Собранието со кои се избришаа името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

– Доколку се покаже дека пратеникот Богоевски е зависник од дрога, тогаш овој новооткриен факт го отвора прашањето дека уставните измени се донесени не само од купени и уценети пратеници туку и од дрогиран пратеник кој не расудувал свесно и неговото гласање не може да се смета за правно релевантно. Дотолку повеќе, при гласањето на измените на Уставот, со пратеникот Павле беа точно 80 пратеници, таман толку што требаше да поминат уставните измени со кои се избриша се што е македонско. Македонскиот народ и поголем дел од граѓаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да бидеме на првата линија во одбрана на националните итереси и договорот со Грција не само што ќе биде поништен туку ќе бидат расветлени и сите дефектни околности околу неговото изгласување – пишува во соопштението.