Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласат за „персона нон грата“

2340

Партијата Единствена Македонија, смета дека претставниците на бугарската Влада, Екатерина Захариева, Красимир Каракачанов и Андреј Ковачев, треба да бидат прогласени за непожени личности – „персона нон грата“, поради секојдневни провокации кон македонскиот народ.

– Македонската држава и Македонскиот народ, секојдневно по европските престолнини се изложени со груби, во основа антимакедонски провокации за негација на македонската државност, нација, историја и јазик од страна на Захариева, Каракачанов и Ковачев. Недозволиво е тие од центрите на ЕУ каде се вели дека владее правото, правдата и слободата, да испраќаат отворена закана и негирање на Македонците. Затоа, Единствена Македонија иницира постапка за нивно прогласување за persona non grata, односно, за непожелни личности во Република Македонија – порачаа од партијата преку соопштение.

Партијата нагласува дека Македонија има меѓународно – правно признато право да прогласи одреден личност за непожелна без да дава образложение за тоа, поради заштита на своите национални интереси. Со тоа, доколку Захариева, Каракачанов и Ковачев во иднина стапнат на македонско тло, веднаш мора да бидат исфрлени како непожелни личности, додава Единствена Македонија.