Евростат изброил 2.077.100 луѓе во Македонија

95
Фото: Игор Бансколиев

Македонија на први јануари годинава имала 2.077.100 жители што е за околу 2.000 повеќе во споредба со први јануари 2018 г., покажуваат податоците што ги објави Евростат. Според тоа, бројот на населението во земјава за една година е зголемен за 0,9 отсто.

Во земјава во изминатата година бил забележан позитивен природен прираст од 1,6 отсто. Лани се родиле 21.300, а умреле 19.700 лица.

Најмногубројно население меѓу земјите во регионот, според Евростат, има Грција 10,7 милиони, во Бугарија живеат 7 милиони луѓе, во Србија 6,96, во Хрватска 4,077, во Албанија 2,86, а во Црна Гора 626.000 луѓе.

Во ЕУ вкупно живеат 513,5 милиони жители, што е за речиси еден милион повеќе од претходната година.

Најмногу жители, 83 милиони, има Германија, пред Франција со 67, Велика Британија со 66,6, Италија 60,4, Шпанија 46,9 и Полска 38 милиони.