Државниот санитарен инспекорат во инспекција на Клиничката болница во Битола

1021

По вчерашните објавени фотографии на кои, наводно, се забележува како пациенти во Клиничката болница во Битола примаат инфузија во иста соба каде има починати пациенти, денеска на социјалните мрежи е објавена видео-снимка на која се забележува дека пациентите на инфективното одделение ставиле чадор за да не прокиснува канализацијата.

По објавените снимки, на барање на министерот за здравство Венко Филипче, инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат денеска ќе влезат во Клиничката болница во Битола за да ги согледаат условите во кои се лекуваат пациентите.

– Вонредната инспекциска контрола во оваа здравствена установа денеска ќе се прави за првиот случај и оваа наша активност ќе заврши во текот на денешниот ден, по што ќе информираме за тоа што е утврдено, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Во врска со објавените фотографии директорката на Клиничката болница во Битола , Билјана Гагачовска изјави дека не станува збор за ковид-пациенти туку за лица што
починале во тријажниот оддел. Нагласува и дека законска обврска на секоја здравствена институција е починатиот пациент да остане два часа во институцијата, а дека фотографиите се направени во тој меѓупериод, кога се информирале семејствата, кога се повикувало погребно претпријатие и кога се организирало пренесувањето на
починатите во болничката мртовечница. М.М.