Доделени „Оскарите“ на Битолски весник

225

Во Центарот за култура по сите здравствени протоколи, пропишани од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести се одржа годинашната традиционална манифестација на Битолски весник „Избирам најуспешни битолчани“ за 2019 год., која требаше да се одржи на 28 февруари во ресторанот Вавилон. Според сите присутни тоа беше вистински спектакл, кој ги воодушеви присутните во Големата сала на Центарот за култура.

На свеченоста беа доделени над триесетина посебни награди и награди по категории. Највисокото  признание за животно дело го доби основачот на КУД Илинден, Антонио Димитровски. Наградата „Гран При“ ја доби актерот на Народниот театар Петар Мирчевски, за новинарство новинарот во пенизија Петар Ставрев. Посмртното признание Ајри Демировски, авторот на песната „Битола мој роден крај“ го доби групата Боеми, а за трајни вредности Фонтана.

Во науката најдобра беше психологот Марија Младеновска Димитровска, во спортот екс голманот на Еурофарм Пелистер а сега на Порто, Никола Митревски. Во политиката признанието го доби екс заменичката минстерка за образование Елизабета Наумовска.

Признанието за општествена одговорност го доби геренарлниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Во областа на здравството признанието го доби неврохирургот Владимир Рендевски и Центарот за јавно здравје.

Во изминатите 20 години Битолски весник има наградено над 850 битолчани, а кон оваа бројка денеска се приклучија уште триесетина битолчани, кои ја одбележаа 2019 година

М.М.