Димитров: Новата методологија овозможува посуштински преговарачки процес

78

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска се сретна со овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај, кој престојува во официјална посета на земјава.

Во фокусот на разговорот беа претстојната финализација на Преговарачката рамка и можностите кои се пред двете држави во наредниот период. Соговорниците се осврнаа и на успешната прекугранична соработка во рамки на европските инструменти и влијанието кои таа ги има врз зближување на луѓето и бизнисите од граничните региони.

– Новата методологија за пристапување овозможува подинамичен и посуштински преговарачки процес. Нашата цел е тоа целосно да го искористиме – посочи Димитров.

Соговорниците заеднички се согласија дека и во периодот кој следи двете земји ќе продолжат со негување на добрососедсите односи, соработка во рамки на регионалните иницијативи, како еден од клучните предуслови за трајна стабилност и економски просперитет на целиот регион.