Димитров на Конференцијата Ленарт Мери во Талин

200

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во периодот од 17 до 19 мај, ќе учествува на годинешната Конференција Ленарт Мери, која се одржува во Талин, Естонија. На вториот ден од Конференцијата, Димитров, како главен говорник ќе се обрати на панел дискусијата „Дали малите ќе истраат? Балканот во струите на стратешките интереси“. Конференцијата оваа година го носи насловот „Едно минато, многу иднини”, а ќе биде фокусирана на развојот на надворешната политика и безбедноста, како и на изборите што тие ги нудат.

За време на работната посета на Талин, министерот Димитров ќе се сретне со премиерот на Естонија, Јури Ратас, и МНР на Естонија, Урмас Реинсалу, покрај останатите билатерални средби со повеќе министри и високи претставници на маргините на Конференцијата