Димитров: Испитувавме комбинации прифатливи за двете страни

565

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на маргините на денашната квадрилатерална средба во Солун истражувале опции и комбинации за потешките прашања од преговорите за името, кои би биле прифатливи за двете страни.

-Знаете дека разлики се уште има. Ова што вчера и денеска го правевме е испитување комбинации, кои едната или другата страна, би можеле да ги прифатат и тоа е нашата задача. За овие елементи треба да разговараме и дома и да ја искористиме и следната средба- рече Димитров по средбата.