Дескоска: Законот за извршување е одраз на потребата за помош

173

Измената на Законот за извршување е одраз на реалната потреба за помош и поддршка на загрозените категории на лица кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми, но и на социјално ранливите групи на лица, кои не по своја вина не се во можност да го намират своите долгови без да им се загрози егзистенцијата, не само лична, туку и на нивните семејства, вели министерката за правда, Рената Дескоска, по усвојувањето на измените.

Таа појаснува дека со измените целосно се изземаат од присилното извршување примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита, примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на старите лица, согласно прописите за социјална сигурност на старите лица.

– Дополнително со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана односно се менуваат ограничувањата на извршувањето и тоа од 1/3 на 1/5 од плата и пензијата за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице и надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните – вели Дескоска во статус на социјалната мрежа Фејсбук.