Денеска сончево време, од понеделник дожд

131

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од -1 до 10 а дневната од 21 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 25 степени, соопшти УХМР.

В понеделник попладне и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Услови за локален дожд ќе има и в четврток.