Денеска до 37 степени, УВ индексот со висока вредност

94

Времето денеска ќе биде сончево и доста топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9. Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 29 до 37 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 36 степени.

Од утре во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, но врнежите нема да бидат пообилни. Во следниов неколкудневен период максималните температури ќе бидат во благо опаѓање.

Вредностите за УВ индекс 8, 9 и 10 укажуваат на многу висока опасност од ултра виолетово зрачење. За заштита се препорачува носење на широка капа или шешир, облека со долги ракави, наочари за сонце и задолжително користење на креми со висок заштитен фактор. Изложеноста на сонце треба да биде минимална во периодот помеѓу 11 и 16 часот. Луѓе со осетлива кожа и деца можат да добијат изгореници за помалку од 10 минути. При вака силен индекс, УВ зраците можат да продрат низ чадорите за сонце, низ водата, па дури и низ тенка облека и да и наштетат на кожата. Максималната директна изложеност на сонце кај лицата со потемен тен не смее да надмине повеќе од 20-25 минути.