Демонстрантите бараат промени и истраги на протестот пред седиштето на ДУИ

676

Преместување на седиштето на ДУИ од Мала Речица како и меѓународни истраги за случаите во кои се обвинети етнички Албаници, побараа демонстрантите собрани пред партиската зграда во Тетово, пренесуваат повеќе македонски медиуми.

Протестот, организиран преку социјалните мрежи, почна со собир на демонстрантите пред ректоратот на Универзитетот во Тетово. Незадоволните граѓани потоа се упатија кон седиштето на ДУИ, но беа спречени од полицијата во обидот да се доближат до партиските простории.

Организаторот истакна дека протестот е резултат на незадоволство поради монтирани случаи.