Делегација од Уставниот суд на Република Турција во посета на Македонија

48

Делегација на Уставниот суд на Република Турција предводена од претседателот на Судот, Зухту Арслан и уште двајца судии и судија известител на Судот, од денеска до 12 септември престојува во посета на Република Македонија.

Претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Арслан и членовите на делегацијата ќе се сретнат со претставници на Уставниот суд на Република Македонија.

Во текот на работниот дел уставните судии ќе разговараат на теми: „Уставната жалба во Македонија и системот на индивидуалната уставна тужба во Турција“ и „Тужбите пред ЕСЧП и одлуките против двете држави“.

Најавено е дека делегацијата на Уставниот суд на Република Турција ќе биде примена и од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и од министерот без ресор во Владата, Аднан Ќахил.

Посетата на делегацијата од Уставниот суд на Република Турција е продолжение на одличната соработка со  Уставниот суд на Република Турција  и е во рамки на Меморандумот за разбирање и билатерална соработка меѓу уставните судови на Република Турција и Република Македонија склучен во 2007 година.