Двојно зголемен водостојот на Вардар

95
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Речиси двојно е зголемен водостојот на Вардар на сите мерни станици, покажуваат денешните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Кај Јегуновце нивото на Вардар денеска е за 25 сантиметри поголемо во однос на септември, кај Велес за 52 сантиметри, а кај Демир Капија за 75 сантиметри поголемо од септемврискиот просек.

Скоро двојно е намален водостојот на Пчиња, а за некој саниметар е намаленото нивото на Крива Река и Брегалница. 

Кај езерата нема поголеми отстапувања во споредба со септемврискиот просек.