Два земјотреси ја стресоа Грција, почувствувани и во земјава

252

Македонската телеметриска сеизмолошка мрежа денеска регистрира два земјотреса чиишто епицентри се наоѓаат на 220 километри јужно од Скопје во соседна Грција и потекнуваат од епицентралното подрачје Козани.

Првиот земјотрес беше во 12 часот и 50 минути со Рихтерова магнитуда од пет, а вториот во 12 часот и 59 минути со Рихтерова магнитуда од четири степени.

Првиот беше почувствуван и од населението во југозападниот дел и тоа во Охрид, Струга, Битола и Ресен со интензитет четири степени според Европската макросеизмичка скала. Во Кичево и околината со интензитет од три до четири степени, а во Скопје и дел од источниот дел од републиката со интензитет од три степени.

Додека пак, вториот земјотрес беше почуствуван во Битола и околината со интензитет од три степени според истата скала.