Да не дозволиме да се вратат сеништата од минатото

362

Со полагање на цвеќиња претставници од Владата, од кабинетот на Претседателот, од МО и ГШ на Армијата, од општина Прилеп, од семејствата на загинатите, здруженија на бранители и политички партии, денеска на спомен обележјето во центарот на Прилеп беа одбележани 19 години од масакрот кај Карпалак.

Им беше оддадена почит на десетмината загинати бранители Горан Миноски, Сашо Китаноски, Нане Науноски, Веби Рушидоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотиски, Пеце Секулоски и Дарко Вељаноски кои загинаа кај Карпалак бранејќи ја татковината. Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски посочи дека ќе останат во колективната меморија на граѓаните.

– Денеска сме овде да ја споделиме болката со семејствата на загинатите. Не постојат зборови на утеха кои ќе ја исполнат празнината во нивните срца… Поклонувајќи се пред нивната саможртва, баша должност како политичари и како одговорни граѓани е да направиме се, никогаш повеќе да не се повтори злото од 2001, да не дозволиме да се вратат сеништата од минатото.Со полноправното членство во НАТО, направен е чекор напред во обезбедувањето на сигурни и безбедни граници, за внатрешна стабилност на државата – рече градоначалникот Јованоски на одбележувањето.

Во рамките на чествувањето утрото во црквата Св.Петка се одржа панихида.

Ка.М.